Балкан
1. July 2020 - 14:13

Српска докторка расистички навредува студентка од Ирска во лифт

На социјалните мрежи во Србија се шири снимка, која била направена во лифт во Нови Сад, каде како што тврди лицето што го објави видеото на Фејсбук, се води разговор меѓу професорка на Медицинскиот факултет во Нови Сад и студентка од Ирска. Самата студентка го снимила овој разговор.

„Излези надвор бидејќи сега е корона“, вели докторката на англиски јазик.