Бизнис
27. September 2016 - 13:26

„Среќ­но“ по­втор­но ќе би­де си­но­ним за сре­ќа - заживува рударскиот сектор

Да се би­де ру­дар, по­втор­но ста­ну­ва прив­леч­на про­фе­си­ја, ко­ја со гор­дост се ра­бо­ти и ко­ја по­втор­но ќе поч­не да обез­бе­ду­ва ег­зи­стен­ци­ја на го­лем број се­мејс­тва во др­жа­ва­ва. Ма­ке­дон­ски­от ру­дар­ски се­ктор, ис­пра­вен пред пре­диз­ви­ци­те што ги но­си ид­ни­на­та, ши­ро­ко ги отво­ра вра­ти­те на по­до­бри­те де­но­ви. Ин­ве­сти­ци­и­те во овој се­ктор комп­лет­но ја ме­ну­ва­ат сли­ка­та за не­го­ви­от при­до­нес во про­из­водс­тво­то и вра­бо­те­но­ста, ка­ко и не­го­во­то учес­тво во по­ра­стот на ин­ду­стри­ја­та и на БДП.

Ви­стин­ско за­жи­ву­ва­ње на ру­дар­ски­от се­ктор во Ма­ке­до­ни­ја се оче­ку­ва од на­ред­на­та го­ди­на со пу­шта­ње­то на руд­ни­ци­те за оло­во и цинк „Зле­то­во“ и „То­ра­ни­ца“, про­из­водс­тво­то на ба­кар во руд­ни­кот во Kазан Дол, ре­а­ли­за­ци­ја­та на нај­а­ви­те за из­град­ба на дру­ги руд­ни­ци, но и со ста­би­ли­зи­ра­ње­то на по­ли­тич­ка­та си­ту­а­ци­ја. Се­то ова би при­до­не­ло за по­зи­тив­ни разд­ви­жу­ва­ња во ру­дар­ски­от биз­нис, кој по­втор­но ќе ги кре­не на но­зе и об­ла­сти­те ка­де што се ло­ци­ра­ни овие руд­ни­ци. Се оче­ку­ва да се вра­бо­тат мно­гу лу­ѓе, а мо­же­би и да се вра­тат исе­ле­ни­те, кои по­ра­ди за­тва­ра­ње­то на руд­ни­ци­те до­се­га, сво­ја­та ег­зи­стен­ци­ја ја по­ба­раа во дру­ги зем­ји, пишува неделникот Република.

Овој се­ктор од го­ди­на на го­ди­на ста­ну­ва сè по­ва­жен и за до­маш­на­та еко­но­ми­ја, осо­бе­но што Вла­да­та е по­све­те­на на до­де­лу­ва­ње кон­це­сии за це­лос­но иско­ри­сту­ва­ње на по­тен­ци­ја­ли­те со кои рас­по­ла­га. Тие се по­све­те­ни на прив­ле­ку­ва­ње но­ви ин­ве­сти­ции во ру­дарс­тво­то, би­деј­ќи тоа вли­јае на до­маш­на­та еко­но­ми­ја, се сти­му­ли­ра­ат про­из­водс­тво­то и из­во­зот, се отво­ра­ат но­ви ра­бот­ни ме­ста.

-Се ре­стар­ти­ра про­из­водс­тво­то во руд­ни­ци­те, се разд­ви­жу­ва ин­ду­стри­ја­та за ми­не­рал­ни су­ро­ви­ни и ру­ди, се по­до­бру­ва ре­ги­о­нал­ни­от еко­ном­ски раз­вој, се кре­и­ра­ат до­пол­ни­тел­ни ра­бот­ни ме­ста, а со тоа се вли­јае на на­ма­лу­ва­ње на не­вра­бо­те­но­ста и на зго­ле­му­ва­ње на ин­ду­стри­ски­от по­раст – об­јас­ну­ва ви­це­пре­ми­е­рот за еко­ном­ски пра­ша­ња, Вла­ди­мир Пе­шев­ски.

Во се­кто­рот ру­дарс­тво­то и ва­де­ње ка­мен актив­ни се 173 ком­па­нии, кои учес­тву­ва­ат со 10,1 от­сто во стру­кту­ра­та на ин­ду­стри­ско­то про­из­водс­тво, до­де­ка кај пре­ра­бо­тка­та на не­ме­та­ли и на ми­не­ра­ли се актив­ни 332 ком­па­нии со учес­тво во стру­кту­ра­та со 5,14 от­сто. Бро­јот на вкуп­но вра­бо­те­ни из­не­су­ва 12.600 ра­бот­ни­ци со учес­тво од 1,7 от­сто во вкуп­но вра­бо­те­ни­те во зем­ја­та. Експ­ло­а­та­ци­ја на ми­не­рал­ни су­ро­ви­ни се вр­ши на 378 ло­ка­ции во зем­ја­ва.

-До­де­ле­ни се кон­це­сии за истра­жу­ва­ње на 34 ло­ка­ции од кои 13 ло­ка­ции се за ме­та­ли и тоа: ба­кар, зла­то, сре­бро, оло­во и цинк. Кон­це­си­и­те за истра­жу­ва­ња нај­че­сто се до­де­ле­ни на стран­ски ком­па­нии, што го­во­ри де­ка по­стои го­лем ин­те­рес за раз­вој на ру­дарс­тво­то во ма­ла зем­ја што има по­тен­ци­ја­ли и руд­ни ре­зер­ви –  ве­ли пре­тсе­да­те­лот на Ма­ке­дон­ска­та асо­ци­ја­ци­ја на ру­дарс­тво, Ни­ко­лај­чо Ни­ко­лов.

Ма­ке­до­ни­ја има бо­га­та ру­дар­ска исто­ри­ја, но го­лем дел од ка­па­ци­те­ти­те до не­о­дам­на беа оста­ве­ни на за­бот на вре­ме­то. Ка­па­ци­те­ти­те се за­тво­раа, про­па­ѓаа це­ли гра­до­ви.Се­га, пак, има обра­тен тренд. По це­ли че­ти­ри де­це­нии поч­на из­град­ба на це­лос­но нов ру­дар­ски комп­лекс во Ка­зан­дол во Ва­лан­дов­ско. Ин­ве­сти­ци­ја­та на „Сар­дич МЦ“ од 35 ми­ли­о­ни евра ќе отво­ри 250 ди­рект­ни ра­бот­ни ме­ста, а ќе пов­ле­че и ан­гаж­ман за гра­деж­ни­те ком­па­нии.

– Оваа ин­ве­сти­ци­ја на „Сар­дич МЦ“ е зна­чај­на и за гра­деж­ни­от се­ктор. Се обез­бе­ду­ва ра­бо­та за до­маш­ни­те гра­деж­ни ком­па­нии во вред­ност од 15 ми­ли­о­ни евра и ан­га­жи­ра­ње до­пол­ни­тел­ни 150 гра­деж­ни ра­бот­ни­ци, кои ќе ра­бо­тат на из­град­ба на об­је­кти­те и на ин­фра­стру­кту­ра­та во руд­ни­кот – из­ја­ви пре­ми­е­рот на зем­ја­ва, Емил Ди­ми­три­ев.

Вла­да­та не ја за­бо­ра­ви ма­ка­та на ру­да­ри­те од „Зле­то­во“ и од „То­ра­ни­ца“. Ги ре­ши нас­ле­де­ни­те проб­ле­ми од „Ин­до­ми­не­ра­ли и ме­та­ли“, руд­ни­ци­те оти­доа во ра­це­те на бу­гар­ски „Мин­строј“. За­о­ста­на­ти­те пла­ти се исп­ла­те­ни, ру­да­ри­те се вра­ќа­ат на ра­бо­та.

– Се ра­ду­вам што на­по­ри­те што ги за­поч­нав уште ка­ко пре­ми­ер и кои по­доц­на про­дол­жи­ја да­доа ре­зул­тат, во Про­би­штип по­втор­но се вра­ќа руд­ни­кот, ру­да­ри­те се вра­ќа­ат на ра­бо­та. Цел­та е да се вра­тат си­те вра­бо­те­ни, ду­ри и тие што за­ми­на­ле во не­ко­ја од окол­ни­те др­жа­ви. Ова ќе се одра­зи врз не­вра­бо­те­но­ста – ве­ли ли­де­рот на ВМРО-ДПМНЕ, Ни­ко­ла Гру­ев­ски.

Кон­це­си­о­не­рот на „Зле­то­во“ и на „То­ра­ни­ца“, бу­гар­ска­та ком­па­ни­ја „Мин­строј“ ве­ти вра­ќа­ње на си­те ра­бот­ни­ци, без­бед­ни ус­ло­ви за ра­бо­та, по­ви­со­ки пла­ти. Са­мо во „Зле­то­во“ се ре­а­ли­зи­ра ин­ве­сти­ци­ја од 20 ми­ли­о­ни евра, а оваа ком­па­ни­ја ве­ќе ги пра­ви под­го­то­вки­те и во „То­ра­ни­ца“.

Нај­го­ле­ма­та ин­ве­сти­ци­ја во овој биз­нис е на ка­над­ска­та ком­па­ни­ја „Еу­ро­макс ре­сор­сис“. Вло­жу­ва 500 ми­ли­о­ни евра во Бо­си­ло­во, во руд­ни­кот „Ило­ви­ца“ за ба­кар и за зла­то. Се вра­бо­ту­ва­ат по­ве­ќе од 400 лу­ѓе. Истра­жу­ва­ња­та по­ка­жу­ва­ат де­ка се ра­бо­ти за ед­но од по­го­ле­ми­те на­о­ѓа­ли­шта на ру­да, со ре­зер­ви од по­ве­ќе од 500 ми­ли­о­ни то­ни. Го­диш­ни­от ка­па­ци­тет на „Ило­ви­ца“ се про­е­кти­ра на 10 ми­ли­о­ни то­ни ру­да, а про­из­водс­тво­то на 2,7 то­ни зла­то и 16 ил­ја­ди то­ни ба­кар.

Но­ви­те ин­ве­сти­ции во ру­дар­ски­от се­ктор во след­ни­те две до три го­ди­ни ќе до­не­сат 2.700 но­ви ра­бот­ни ме­ста. Учес­тво­то на ру­дарс­тво­то во БДП на зем­ја­ва над­ми­ну­ва еден от­сто, а го­лем при­до­нес има во вра­бо­те­но­ста и во из­во­зот од Ма­ке­до­ни­ја.

Текстот е објавен во 212 број на неделникот Република