Фудбал
12. July 2018 - 10:53

Среќниот фотограф врз кои скокнаа хрватските фудбалери направи историски фотографии, но доби и бакнеж

Откако Марио Манџукиќ на крајот од првото продолжение го постигна победничкиот гол за Хрватска против Англија „коцкестите“ се занесоа па голот го прославија на најлуд можен начин.

Фудбалерите скокнаа врз Манџукиќ, но подебелиот крај го извлекоа фоторепортерите кои мораа во исто време да спасуваа жива глава, но и да направат историски фотографии.

Хрватите ветија дека ќе ја платат оштетената опрема, но она што останува вечно се овие фотографии, погледнете.