Македонија
14. February 2020 - 16:40

Среќен ,,Свети Трифун‘‘ - Македонија да се препознава како винска земја

Почна работата на лозарите за оваа сезона. Традиоционално на Свети Трифун, се закројуваат лозјата. Лозарите очекуваат добар род и добра цена, винариите најавуваат партенрски однос на нив, а надлежните ветуваат дека ќе продолжи поддршката.

Редовата исплата на субвенциите ќе продолжи и во наредниот период, а ќе има и поголема поддршка.

Министерот вели дека мерките даваат резултати и дека земјава се повеќе се етаблира како винска.

На стартот на новата сезона од винарниците најавуваат дека ќе се договараат со лозарите порано, а не на самиот старт на откупот, што е и едно од барањата на производителите на грозје кои побараат повисоки цени за родот годинава.