Македонија
14. April 2017 - 13:56

Среќен крај на семејната драма: Исчезнатата охриѓанка вратена дома

Младата охриѓанка која на 12.овој месец беше пријавена за исчезната во Полициската станица во Охрид, вчера е пронајдена и вратена дома, соопшти полицијата.

Исчезнувањето на Б.Б. (28) го пријави нејзиниот татко откако на 10.овој месец го напуштила семејниот дом и не се вратила 2 дена.

Полицајците од Струмица ја пронајдоа охриѓанката доцна вечера на 12-ти април и ја вратија во својот дом во Охрид.