Балкан
24. January 2018 - 21:35

Среќен крај на драмата: Бебето фрлено во контејнер доби ново семејство

Новороденчето кое пред месец дена е пронајдено во контејнер, во една сараевска населба доби нов дом. Мајката на бебето е осомничена за обид за чедоморство и ќе се брани од слобода.

Девојчето по месец дена престој во Педијатриската клиника е сместена во згрижувачко семејство.

-Центарот за социјална работа и Службата за социјална заштитна на општината Вогошќа бараше најдобро можно решение за згрижување на девојчето за да се спречи нејзиниот престување од една во друга установа, изјави Аднан Шпџо, директор на Кантоналниот центар за социјална работа.

Мајката која по породувањето својата новородена ќерка ја фрли во контејнер се брани од слобода, а истрагата е во тек.

Обвинителството делото „напуштање на дете“ за кое мајката првобитно беше осомничена брзо го преквалификува во обид за чедоморство.

Мотивите на мајката за ова злодело се уште се мистерија. Психолозите предупредуваат дека тригер фактор во сличните случаи може да биде постпородилната депресија или психоза. Таа се јавува во еден од 500 случаи, предупредуваат експертите.