Живот
8. February 2019 - 11:28

Среќа во несреќа: Медицинска сестра и ја спасила раката на српската водителката - таа била во автобусот, па прва и дошла на помош

Водителката Деа Ѓурѓевиќ, која вчера во страотна сообраќајна несреќа во Дедиње за малку ќе ја изгубеше раката, првата помош која се затекна по страшната несреќа ја добила од медицинска сестра која била во автобусот така што и ја спасила раката, открива нејзиниот колега Предраг Сарапа кој меѓу првите пристигнал на местото на несреќата. 
 
- Силен удар. За цела среќа, Деа е сега добро. Сакам да се заблагодарам на младата девојка, медицинската сестра, која и пријде на Деа и го запре првиот бран на крварење, се надевам на брзо опоравување и се надевам дека Деа многу брзо ќе биде тука со нас, рекол Предраг кој беше потресен и уште под е стрес од морничавото случување. 
 
Тој исто така ги откри деталите што се случувало непосредно пред сообраќајната несрсеќа. 
 
- Често јас и ѕвонам бидејќи јас лесно се будам па така беше и вчера. Вадеше умник, се добро помина. Кога дојдов пред зградата колегата Филип ми рече дека имало некаков удар. Кога отидов да видам, видов дека лежи во таква состојба и кога рече дајте ми нешто против болки, јас не издржав. Се надевам дека се ќе биде во ред. Ова беше најтажната слика во мојот живот, рекол Предраг.