Македонија
29. January 2021 - 16:43

Средношколците побараа помош и од пратениците

Да се донесе нов закон за средно образование, бара Сојузот на средношколци. Писмо доставиле до 85 пратеници во Собранието. Ова следи откако средношколците не успеаа да постигнат договор со МОН, за модифициран модел на државната матура. Тие денеска не ја бојкотираа наставата. 

Лидерот на средношколскиот сојуз вели дека иако го прекинуваат бојкот на наставата, тоа не ја исклучува можноста од понеденик повторно да излезат на улица. Сепак конечната одлука за тоа кои ќе бидат нивните следни чекори, ќе ја донесат утре. 

Од МОН остануваат на ставот дека законски матурата мора да се спроведе. Од таму додаваат и дека до сега 14.000 ученици пријавиле матура што укажува на тоа дека тие сакаат да полагаат државен испит.