Македонија
30. September 2020 - 19:58

Средношколците најавуваат бојкот ако не го добијат ветеното

Средношколците се заканија – бојкот на наставата во ноември ако не се вратат во училиште клупи.

Од МОН за ултиматумот велат дека последниот збор ќе го имаат епимидеолозите кои ја следат состојбата и тие ќе кажат дали е безбедно средношколците да се вратат во училиште.

Во меѓувреме, кичевскиот градоначалник ја информирал министерката Царовска дека е можен бојкот на наставата во општината, особено во училиштата во руралните средини.

-Во училиштата во руралниот дел на општината каде немаме интернет со поголем капацитет бројот на ученици е релативно мал, а згора на тоа ги презедовме сите заштитни мерки според протоколотите. Треба да се земе уште писмена изјава од секој родител поединечно дека се сложува со ова и дека сите ќе работат во согласност со здравствените протоколи. Не треба да се занемари ниту еден аспект кога е во прашање здравјето на сите чинители во образовниот процес и овој факт не треба да се заборави, вели градоначалникот Дехари. 

За дозвола за настава со физичко присуство на сите ученици главен критериум беше бројот на учениците во едно училиште, а не неговите капацитети.