Македонија
21. јуни 2021 - 17:04

Средношколците бараат одговор од инспекторатот зошто се наплаќале свидетелства спротивно на закон

Државниот просветен инспекторат јавно да објави што покажале извештаите од спроведените инспекции во четирите училишта кои наплаќале за изготвување на свидетелства, бара Сојузот на средношколци. Од таму реагираат дека одговори од инспекторатот по ова прашање побарале уште пред една недела, но одговор не добиле.

Одговори, што покажале извештаите и зошто не се јавно достапни побаравме од директорот на инспекторатот Муслиу, кој не сакаше да говори во јавност, а повеќе детали најави за утре, кога и треба да бидат готови извештаите.

И додека чекаме одговори од инспекторатот, директорот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“, Димче Настовски, кој беше единствениот со кого од четирите посочени училишта од средношколците успеавме да стапиме во контакт, вели дека парите ќе им бидат вратени на учениците.

Според информациите на Сојузот на средношколци, за свидетелство се наплаќало од 30 до 200 во зависнот од училиштето.