Свет
26. March 2019 - 9:49

Средниот век пристигна во Венецуела - нема електрична енергија, нема мобилна мрежа, ниту интернет

Средниот век пристигна во Венецуела, повторно во оваа јужноамериканска земја нема електрична енергија, но ниту мобилна мрежа и интернет.
 
Николас Мадуро и неговата влада ги обвинија Соединетите Американски Држави дека извеле „хакерски напад“ на најголемата електроцентрала во земјата, иако експертите тврдат дека дефектот се случил поради недостатокот на вложување и одржување на целата инфраструктура.
 
Доцна синоќа големи делови на Венецуела, како и главниот град Каракас останаа без електрична енергија две седмици после големиот дефект кога земјата остана парализирана неколку дена, пренесува „Франс Прес“.
 
Во околу 13:20 часот по локално време, или 18:30 часот по средноевропско време, најголемиот дел од земјата, вклучително и главниот град Каракас останале без електрична енергија, но и без мобилна мрежа и интернет.
 
Во останатите места каде што имало електрична енергија, корисниците пријавиле проблеми со напонот. Во Каракас целиот градски сообраќај бил парализиран затоа што семафорите се исклучиле, а подолго време немало интернет.
 
Земјата од 7-ми до 14-ти март остана без електрична енергија, по што беа прекинати сите комуникациски мрежи, водоснабдувањето, а во болниците беа забележани бројни смртни случаеви поради недостатокот на електрична енергија.
 
Од владата на Николас Мадуро, повторно ги обвинија Соединетите Американски Држави дека извеле „хакерски напад“ на главната електроцентрала во земјата.