Македонија
12. јуни 2021 - 16:43

Средни училишта спротивно на закон наплаќаат за издавање на свидетелства

Нема свидетелства за учениците кои нема да платат. Дел од средните школи  си вовеле надомест за издавање свидетелства за завршена школска година. Сумите се различни – од 30 до 200 денари. Од Сојузот на средношколци реагираат дека наплатата е незаконска и спротивна на Уставот.

Од Министерството за образование знаат за проблемот и велат дека станува збор за изолирани случаи во неколку училишта, за што ќе постапи Државниот просветен инспектора.  Согласно Уставот, како и   член 3 од Законот за основно и средно  образование, секое дете има право на бесплатно и квалитетно образование.  Ова значи дека ниту едно школо не смее да наплата такса на родителите и учениците.

Ова не е прв пат дел од школите да бараат пари за издавање свидетелства Сојузот на средношколци и минатата година реагираше за истиот, по што министерството за образование испрати писмен допис до училиштата при крајот на учебната година.