Живот
15. January 2019 - 21:08

Среде шума наишле на скриен авион: Кога влегле внатре се шокирале - ова не очекувале да го видат

Последно што очекувате да видите скриено во шумите во Орегон е Боинг 727, кој со причина е таму. Брус Кембел, инженер, го купил трупот на авион кој е повлечен од употреба и направил необична куќа, која ја сместил во шума.

Огромниот трупа на авионот за комерцијални летови е потпрен на бетонски столбови и се наоѓа во шума, недалеку од Потрланд во Орегон. Дури има и свој пристап за автомобили.

Авионот има импровизиран туш, а неговиот сопственик работи и на тоа да направи функционален тоалет. Планира и да поврати некои од оригиналните делови од ентериерот на авионот, како што се седиштата и светлата.

Кембел во авионот живее шест месеци годишно. Остатокот од годината го поминува во Јапонија, каде е во потрага по повлечен Боинг 747 чиј труп би го искористил на сличен начин.

Инаку, авионот го купил за да го спаси, по престанокот на употреба, да стане старо железо. Прво имал идеја да направи куќа од неколку товарни возила, и да ги стави на својот имот, но кога слушнал дека некој направил слично со авион, се предомислил.

Земјиштето од 4 хектари во Орегон го платил 23.000 долари, додека авионот го чинел 220 илјади.

„Ако нормална куќа ја посматраме како Шевролет или Форд, куќата од авион е новата Тесла или Порше Карера“, рече Кембел.