Џет-Сет
28. July 2017 - 12:18

Среде интервју го праша за раскинувањето со Бранислава, погледнете ја реакцијата на Аца Лукас

Аца Лукас повторно се најде во центарот на внимание. Главната тема на голем број на медиуми беше неговото раскинување по едномесечната емотивна врска со Бранислава Пашајлија.

За разлика од Бранислава, која проговори за прекинот на романсата со фолкерот, Аца не сакаше да зборува за тоа.

Лукас стана, испи кафе и рече: „Драго ми е што се дружевме. Еве, и јас би ве испратил, ако може“, изјави Лукас на новинарите на телевизија „Пинк“ им го прекина интервјуто.