Македонија
25. November 2015 - 16:05

Средби на премиерот Груевски со премиери од 16 земји од Централна и Источна Европа во Кина

Евро-атлантскаа интеграција на Макекдонија, прашања поврзани со мигрантската криза, продолабочување на билатералните  однсите со земјите од  Централна и Источна Европа и Кина. Премерот Никола Груевски на маргините на Самитот во Суџоу,  оствари средби со премерите на 16-земји учеснички.

Отворни биле повеќе прашања во не само во делот на политиката туку и економијата. Груевски на средбата со Естонскиот премиер Тави Роивас заклучиле потреба од интензивирање на соработката во делот на економијта, динамизирање на трговската размена и инвестициите.   Покрај силните пријателски и стабилни однсои, Естонија останува силен поддржувач на земјава кон членството во НАТО и ЕУ.

-Отворивме повеќе теми, а една од нив беше темата за стратешките интереси на Република Македонија поврзани со нашите напори за членство во НАТО и ЕУ. Естонија е членка во овие два сојуза, и како таква е секогаш значајно да ги чуе нашите ставови за повеќето работи, за реформите кои ги правиме и предизвиците со кои се соочуваме, со цел да биде повеќе информирана и да помогне во процесот на лобирање, изјави премиерот Груевски.

Премерот Груевски оствари и  средби со претсатвници на повеќе кинески компании,  на кои им биле претставени можностите за инвестирање, како и  конкретни проекти за првилекување на инвеститорите во делот на производството на струја, секундарнта гасификација, земјоделието, туризмот.

-Расте извозот на Република Македонија во НР Кина, но и се зголемува бројот на проекти кои што заеднички се реализираат. Во Македонија највидливи се двата проекти за двата автопата кои што се градат, едниот во источна и другиот во западна Македонија, но на Самитот македонската делегација настапува и со друг вид на проекти од различни области, изјави премиерот Никола Груевски.

Иницијативата за самитите произлезена од Кина  со државите од Источна и Централна Европа која потекнува уште од 2012. година во основа се состои од волјата за соработка, вложување во повеќе конкретни инфраструктурни проекти и забрзан економски развој.