Македонија
10. January 2016 - 16:56

Средбата на премиерот Груевски со потпретседателот на Сад Бајден ќе се одржи утревечер по македонско време

Премиерот Никола Груевски утре ќе се сретне со потпретседателот на САД Џозеф Бајден во Вашингтон. Средбата ќе се одржи во Белата куќа утре попладне по американско, односно приквечер по македонско време.

Посетата е во функција на интензивирање на билатералните односи и меѓусебната соработка.

Покрај тоа, се очекува теми на разговор со американскиот потпретседател Бајден да бидат и реформите во Македонија и демократските процеси, зголемувањето на економската соработка и трговските односи, безбедносни прашања и интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ.

Ова е втора средба на македонскиот премиер Груевски со американскиот потпретседател Бајден, првата нивна средба се случи во февруари 2011 година.

Оваа претстојна средба е значаен чекор во унпаредувањето на односите меѓу двете земји.

Република Македонија и САД се пријателски земји и имаат блиски меѓусебни односи. Двете земји имаат потпишано и Декларација за стратешко партнерство, и остваруваат блиска соработка на политички и економски теми.