Македонија
23. April 2018 - 16:38

Средбата Димитров-Коѕијас-Нимиц за спорот за името во среда попладне во Виена

Медијаторот Метју Нимиц в среда во Виена ќе се обиде да го придвижи процесот и да ги премости разликите меѓу Македонија и Грција, со цел суштински паредок кон договор за деценискиот проблем за името.
 
Ова ќе биде дел од серијата средби на Димитров и Коѕиојас во пресрет на НАТО Самитот во јули. На последната средба во Охрид пред две недели двајцата министри открија дека за прв пат почнале да разговараат за временска рамка за имплементирање на евнтуалниот договор. Очекувањата се дека и на средбата во Виена ќе биде разговарано во овој конктескт.
 
По оваа средба во Виена ќе има уште една во Солун на 3 и 4 мај, а подоцна најверојатно и во Софија на самитот на ЕУ за Западен Балкан, каде веројатноста за среба Ципрас и Заев е голема. Премиерот неодамна изјави дека ако има напредок во процесот тогаш ќе има и средба на премиертско ниво. Во пресрет на средбата во Виена, премиерот Заев изрази оптимизам, посочувајќи дека фокусот е на решение на спорот, а не на рокови.
 
Грчките медиуми пишуваат дека по средбата во Виена, грчкиот шеф на дипломатијата в четврток во Брисел ќе има средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Една од темите покрај Турција ќе биде и Македонија.
 
Инаку, денеска во Атина и премиерот Ципрас ги известил пратениците од Сириза за најновиот развој на настаните.
 
Грчката опозиција пак инсистира на целосен, комплетен и конечен договор, кој треба да ја разликува државата Македонија и северниот грчки регион. Министерот за надворешни во сенка, Јоргос Комуцакос вели дека владата е повикана да обезбеди токму таков договор кој подразбира и промена на Уставот и ерга омнес употреба, но дека изјавите од Скопје ставаат кочница за ваков договор.