Средба Заев-Ван Гелдер - Продолжува силната поддршка од Светска банка
Светска банка ќе продолжи да дава силна поддршка за напредок и развој на земјава, а со економскиот тим на Владата ќе се работи на утврдување и поддршка на краткорочните приоритети на РМ.
Ова го истакнала регионалната директорка во Светска банка за Западен Балкан Линда Ван Гелдер на денешната средба со премиерот Зоран Заев во Скопје.
Како што соопшти владината прес-служба, на средбата со претставниците на Светска банка се разговарало за поддршка на системот на менаџирање со јавните финансии, за конкурентноста на економијата, за енергетската ефикасност, како и за поддршка за раст и развој на домашните фирми за да отвораат нови добро платени работни места.
- За да спречиме масовно иселување на младите луѓе со ребалансот на буџетот определивме финансиски средства за проектот „Гаранција за млади“ преку кој државата ќе обезбеди вработување, тренинг или обука за младите луѓе по завршување на нивното високо образование. Тоа значи дека фирмите ќе добијат директна финансиска поддршка од државата за да отвораат можности за работа, напредок и живот на младите луѓе во Македонија“, информираше премиерот Заев.
Претставниците на Светска банка изразиле силна поддршка за економските политики на Владата и заеднички е оценето дека по завршувањето на политичката криза, со реформските процеси од „План 3-6-9“ се отвораат нови можности за економски раст и развој на Македонија.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО