Македонија
15. May 2019 - 16:18

Средба Заев-Мицкоски ќе има само ако се направи исчекор во преговорите за СЈО

Средба меѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски за специјалното обвинителство и предметите што ги води ќе има само доколку има некаков исчекор во разговорите на преговарачките тимови.

Ова го најавува премиерот Заев. Тој денеска ќе побара отчет од министерката за правда Рената Дескоска Треневска која го предводи тимот на владата за тоа како се одвивале последнит есредби со адвокатот Тони Менкиноски што го води тимот на опозциската партија.

Зааев вели дека засега не се зборува за кадровски смени во СЈО. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека остануваат на своите позиции за законот за обвинителство. Лидерска средба нема да одбијат.

Главна пречка во разговорите меѓу власта и опозицијата остануваат предметите на СЈО отворени по истекот на рокот за обвиненија во јуни 2017 година. Нема закажано нова средба меѓу преговарачките тимови.