Македонија
7. March 2019 - 16:15

Средба Заев-Мицкоски до крајот на неделава

Власта и опозицијата неделава ќе седнат на заедничка маса.Премиерот Заев вели дека лидерската средба е можно да се одржи до крајот на претстојниот викенд.Претседателските избори, законот за СЈО и останатати реформски закони се темите за кои ќе разговараат Заев и Мицкоски, вели лидерот на владеачката партија.

Лидерската средба доаѓа по барање на ВМРО-ДПМНЕ откако владата го објави предлог законот за реформирање на специјалното обвинителство.Премиерот Заев, смета дека предложениот закон за СЈО е изработен според сите меѓународни стандарди.

Од опозициската партија велат дека се уште не се знае кога ќе се одржи лидерската средба.Главна тема ќе биде Законот за СЈО, велат од ВМРО-ДПМНЕ, но до одржување на средбата не се исклучува можноста да се разговара и за останати теми.