Бизнис
28. November 2017 - 19:35

Средба Заев-Кечијанг - се очекува плодна соработка на Р. Македонија со НР Кина во иднина

Со готови прокети, Макеоднија ќе аплицира за евтините кинески пари. Прмеиерот Заев на средбата со кинескиот колега изјавил дека ова е историски момент за земјава, а кинеската поош во инфарструктуирата и многу значајна.

Според кинескиот пермиер, инвестициите во инфраструктурата се вложување  во иднината на Македонија. Со целосна реализација на Коридорот 10 и 8 земјава ќе стане транспоретен јазол во регионот посочил кинескиот премиер на средбата со премиерот Заев во Будимпешта, информира владината прес служба.

Во соопштението не стои дали двајцата прмеиер разговарале за проблемите со двата автопати во земјава на кои работи кинеска компанија, а се градат со кредит од кинеската ЕКСИМ банка.

Владината прес служба соопшти дека во иднина ќе се зајакнува и соработката со врвни кинески компании од ИТ областа. Премиерот остварил средба  и со претставници на компаниите ЗТЕ и Хуавеи на кои се разговарало за спроведување на иновативни решенија во земјава.

На Самитот беа склучени и 7 договори за трговија на македонски со кинески компании. Од бизнис секторот информираат дека следната недела ќе почне ниваната реализација, со што домашните фирми ќе имаат повеќекратен бенефит.

- Како резултат на напорните четири месеци работа во изминатиот период, договорите се круна на остварената соработка. Ни следи голем проект за економска соработка со НР Кина и земјите од ЦИЕ со фокус на примена на високи технологии во повеќе сектори како ИКТ, земјоделство, здравство, животна средина“ изјави Арсовска и додаде дека уште од следна недела се очекува да започне реализација на договорите со конкретна цел зголемување на соработката.

Кина е 7ми трговски партнер на земјава. Вкупната трговска размена лани изнесувала близу 470 милиони долари.