Македонија
19. May 2016 - 19:54

Средба: Заев - Јан Петерсен

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска оствари средба со шефот на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во Македонија, Јан Петерсен.

Како што соопшти СДСМ, Заев на средбата посочил дека само враќање на правото и организирање на фер, деморатски и регуларни избори, признати од меѓународната заедница, можат да бидат излез за сложената политичка криза во која е Македонија.

- Аболицијата мора целосно да биде поништена. Правото да се врати и законите да важат за сите, истакнал Заев.

Шефот на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР нагласил дека напорите во Македонија да се организираат фер и демократски избори, каде што волјата на граѓаните ќе биде испочитувана во целост, имаат силна поддршка од Европската унија.