Средба за надминување на украинскиот конфликт во Белград
Американски и руски претставници в сабота ќе се сретнат во Белград за да разговараат за начините за надминување на конфликтот во Источна Украина.
На средбата, специјалниот американски претставник за конфликтот во Источна Украина, Курт Волкер и помошникот на рускиот претседател Владислав Сурков ќе разговараат за предлогот за распоредување мировници на ОН во зоната на конфликтот во Донбас.
Рускиот претседател Владимир Путин неодамна предложи разместување на мировници на ОН, со задача да ги штитат членовите на Мисијата на ОБСЕ, кои вршат мониторинг на линиите на разграничување меѓу проруските сепаратисти и украинските владини сили. Киев засега не даде зелено светло за ваквиот предлог.
Ова ќе биде втора средба меѓу Волкер и Сурков за разрешување на воениот конфликт во Донбас.
Вашингтон ја обвинува Русија дека не го почитува договорот од Минск за запирање на вооружените дејства и тврди дека се потребни дополнителни гаранции за преодниот процес, во кој Украина треба да ја преземе контролата врз териториите што сега ги држат проруските сепаратисти.
- Вашингтон се залага за почитување на територијалниот интегритет на Украина, изјави Волкер по првата средба со Сурков, што се одржа на 21 август во Минск.
Од друга страна, Москва бара усвојување на патокази за прекин на непријателствата во Донбас, нагласувајќи дека е против отцепување на регионот од Украина.
Лидерите на сепаратистите во Доњецк и Луганск, од своја страна, инсистираат на официјализација на рускиот јазик, спроведување на процес на демилитаризација, како и добивање на широка политичка и фискална автономија.
Ново на Сител
-
Најголема излезност во Карпош: Пресек на излезеноста во скопските општини до 17 часот
-
Во Општина Тетово до 17 часот гласале 34.466 луѓе или 40,53 отсто од вкупниот број гласачи
-
Хамас објави видео од израелско-американски заложник
-
Русија и Украина договорија размена на деца одвоени од своите семејства
-
Даштевски: Има прекин на 3 места во Куманово
-
Излезноста до 17 часот е 44,18 отсто
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64