Loading Video...
Свет
16. July 2018 - 19:27

Средба Трамп – Путин во Хелсинки

Време е темелно да се разговара за односите САд- Русија и како истите да се подобрат. Трамп и Путин дојдоа со иста желба на самитот САД- Русија а по завршувањето и двајцата го оценија како добар почеток. Соработката со Русија е добра работа а не лоша истакна американскиот лидер.

Два часа и 10 минути  Трамп и Путин  разговараа зад затворени врати  во претседателската палата  во Хелсинки  само во присуство на двајца преведувачи. На тет а тет средбата  станало збор за Сирија,Крим,односите со Кина, нуклеарното  вооружувањето, трговксите врски, како и за извешатите на амеерикаските разузнвачки служби  за руско  мешање во претседателкси избори во САД во 2016 година, тема за која новинарите на прес конференцијата најмногу  се интересираа.

Трамп средбата ја искористи и да го пофали Путин за одлично организираното   Светско првенствотк во фудбал , по што рускиот лидер му подари фудбалска топка.  Инаку пред нивното обракање  во салата за прес конференција се случи инцидидент.  Маж  извадил транспарент со натпис Договор за забрана на нуклеарноро оружје  и почнал  да вика. Тој веднаш бил отсранет од страна на обезбедување. Се работи за новинар на  американскиот магазин  Нејшн.