Средба Спасовски-Брнз: Силна поддршка за посветеноста на Владата на реформите, стабилноста и интеграциите во ЕУ и НАТО
Силна поддршка за посветеноста на премиерот Оливер Спасовски и на Владата на реформските процеси во земјава, на стабилноста и безбедноста, но и на интеграциите во ЕУ и НАТО изрази денеска американската амбасадорка Кејт Брнз на средбата со премиерот.
Како што се наведува во владиното соопштение констатирано е дека периодот на преодната влада во наредните неколку месеци бара ангажман и одлучност од сите страни, за остварување на големите цели чијашто реализација е во тек – Република Северна Македонија да биде потврдена како 30-та активна земја членка на НАТО и отпорна растечка демократија на патот кон Европската Унија.
Оценето е дека нашата држава во претстојните парламентарни избори влегува со многу подобра институционална стабилност и дека е важно таквата позиција да се сочува.
-Врвен приоритет на Владата се неколку подеднакво важни сегменти на коишто сме цврсто фокусирани: да се продолжи со остварувањето на националните интереси како што се интеграциите во НАТО и во ЕУ и на сите започнати проекти за граѓаните во сите области, спроведување фер и демократски избори со споделена одговорност од сите политички субјекти, продолжување на изградбата едно општество за сите со почитување меѓу сите етнички заедници, продолжување на определбата на нашата држава да придонесува за стабилноста и соработката во регионот, рече премиерот Спасовски.
Во таа насока, изразени се очекувања дека сите во Владата, во институциите, сите политички субјекти, ќе бидат на ниво на задачите, со цел натамошна стабилност и сигурност и остварување на стратешките цели, за добрата иднина на државата и граѓаните.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок