Средба Шекеринска – Ериксен: Интегритетот во работењето е врвен приоритет
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска имаше средба со Свеин Ериксен од Центарот за интегритет на Норвешка, со кој Министерството активно соработува во градењето интегритет во одбранбениот сектор и изработката на втор План за интегритет во периодот 2021-2024 година.
Ериксен е меѓународен експерт со долгогодишно искуство и е добар познавач на состојбите во одбраната во балканските земји, соопшти Министерството за одбрана.
– Министерството за одбрана и Македонија се исклучително посветени на градењето интегритет и борбата против корупцијата. Министерството е институција со највисока активна транспарентност во државата, со исполнување на 100 проценти од критериумите. Целосната транспарентност ја практикуваме и во јавните набавки со што оневозможуваме какво било можно коруптивно однесување. Градењето политики за интегритет е врвен приоритет во нашето работење, рече министерката Шекеринска на средбата.
Таа се заблагодари на експертите на норвешкиот Центар за интегритет за посветеноста и отвореноста за помош и поддршка при изработката на Планот за интегритет 2021 – 2024 кој е во финална фаза на изработка.
– Вие и вашите експерти, заедно со експертите од Министерството изработивте документ кој претставува патоказ за континуирано градење на интегритет во системот на одбраната. Ви благодарам за отвореноста и за интересот да продолжите да нè поддржувате во оваа област, рече министерката.
Ериксен изрази задоволство од соработката со Министерството за одбрана и ја потврди заложбата на Кралството Норвешка за поддршка за унапредување на институционалниот интегритет на Министерството.
Минатата година, Транспаренси Интернешнл ја рангираше нашата земја на високото второ место според интегритетот на работењето во одбраната. Зад Македонија се сите земји од регионот, четири земји кои веќе се членки на Европската Унија и шест земји кои се постари членки на НАТО.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација