Средба Попоски-Коѕиас во Брисел
Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски денеска се сретнал со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, во рамките на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел.
Грчкото МНР соопшти дека двајцата министри во дискусијата се фокусирале на мерките за градење доверба, особено на резултатите од последната рунда преговори што се одржаа минатиот месец во Скопје, како и на претстојната рунда преговори, која треба да се одржи следниот месец во Атина. Коѕиас исто така го изразил своето задоволство од првите позитивни резултати од процесот.
Грчкиот прв дипломат го прашал Попоски за неговите ставови за актуелните политички случувања во Република Македонија, изразувајќи надеж дека земјата брзо ќе се врати во нормала, во согласност со европските политички вредности и потребната демонстрација на култура на компромис од страна на сите политички сили во земјата , во корист на Македонија, но и на поширокиот регион на Југоисточна Европа, соопшти грчкото МНР.
Ново на Сител
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто
-
24-годишна девојка нападната од нејзиниот невенчан сопруг
-
Силувана малолетничка во Шуто Оризари
-
Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто
-
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто
-
Во Велес и велешко до 13 часот излезноста е 29,56, во Градско 33,51 процент
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче