Македонија
12. јуни 2019 - 16:51

Средба Пендаровски-Туск: Датум за преговори во јуни невозможна мисија

Направивте се што се бараше од вас, но во Унијата засега не постои консензус за стартот на прегворите, порача првиот човек на Европскиот Совет по средбата со претседателот Пендаровски во Брисел.

„Вие направивте се што се очекуваше од вас. Но, сакам да бидам искрен, не сите земји- членки се подготвени да ја донесат одлуката за отворање на преговорите во наредните денови. Јас лично верувам дека може да има само една одлука, да започнат преговорите во линија со препораката на Европската комисија и за Северна Македонија и за Албанија. Прашањето денес не е дали, туку кога. Јас сум претпазлив, бидејќи за постигнувањето на консензус меѓу сите 28 земји- членки на ЕУ е потребно повеќе време, отколку што јас би сакал. Но нема сомнеж дека местото на вашата земји и целиот регион е во ЕУ“, рече Туск.

За разлика од претпазливиот Туск, Пендаровски очекува Унијата да покаже визија и во јуни да ни додели датум започеток на преговорите. Тој истакна дека земјава го заслужува тоа, не само  поради затворањето на отворените прашања со соседите, туку и поради испорачаните реформи. Датумот, според Пендаровски,  би бил  дополнителна мотивација македонските грагани да истрајат во реформите.

Македонскиот претседател ја посочи земјава како светол пример во регионот за добрососедски односи, а посети и на големиот придонес во справуавње со мигранстката криза во 2016 тата година.