Свет
29. September 2015 - 23:56

Средба Обама-Кастро во Њујорк

Американскиот претседател Барак Обама денеска на маргините на заседанието на Генералното собрание на ОН во Њујорк, се сретна со неговиот кубански колега Раул Кастро, соопшти Белата куќа.

Во соопштението се посочува дека на средбата станало збор за „можните дополнителни чекор на двете влади за продлабочување на билатералната соработка“.

- Претседатлот Обама го поздрави напредокот во обновата на дипломатските односи и потенцира дека продолжувањето на реформите на Куба ќе го зголеми ефектот од американските регулаторни промени, се наведува во кусото соопштение на Белата куќа.

Средбата ја потврди и кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригес кој нагласи дека разговорите минале „во атмосфера на уважување и конструктивност“.

Родригес додаде и дека Обама и Кастро „ги споделиле своите впечатоци“ од неодамнешните посети на папата Франциско на Куба и САД.