Македонија
16. December 2016 - 10:36

Средба Нишани - Ахмети во Тирана

Албанскиот претседател Бујар Нишани синоќа имал срдба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, со кого разговарале околу изборниот процес во Македонија и изборните резултати на политичките партии на Албанците. 

Нишани, откако на Ахмети му ја честитал победата на ДУИ, го поздравил ангажирањето и придонесот на сите политички субјекти на Албанците во изборниот процес и процесот на демократизација и интеграција на Македонија.

- Албанија приоритет им дава на добрите меѓусоседски односи и партнерството со Македонија, изјавил Нишани, нагласувајќи го значењето на гаранитрањето на правата на Албанците во Македонија како државотворна компонента и гарант за стабилноста.

Двајцата соговорници искажале идентичен став дека процесот на евроатлантските интегративни процеси се од суштинско значење и претствуваат голем интерес за двете земји, но и регионот во целина.

Претходно, Ахмети се сретна со премиерот Еди Рама, како и со претседателот на Парламентот Илир Мета, за кого стабилноста на Македонија е значајна за Албанија.