Македонија
1. November 2018 - 17:07

Средба на Заев со независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија

Попладнево премиерот Зоран Заев во Собранието ќе има нова средба со Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на која ќе се разговара за нацрт-амандманите на Уставот.

Утре е последниот рок до кој Владата треба да ги достави нацрт-амандманите до Собранието.

Инаку, во понеделникот на првата средба беше разговарано за сите четири точки од барањето на пратениците од опозицијата кои гласаа „за“ отпочување на процесот за измена на Уставот.