Македонија
5. September 2016 - 14:14

Средба на Заев со државниот секретар на италијанското МНР

Евроинтегративните аспирации на Македонија, биле темна на денешната средба во Рим на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска со Енцо Амендола, државен секретар на Министерството за надворешни работи на Италија.

На средбата, како што соопшти СДСМ, е заклучено дека граѓаните на Македонија заслужуваат да бидат дел од европското семејство.

- Веднаш по изборите, новата Влада што ќе ја предводи СДСМ, ќе се посвети на сите суштински прашања за подобар живот на граѓаните, од слобода и демократија, преку правични и функционални институции, економска стабилност,  до практична примена на законите и нивно усогласување со европската регулатива. Тоа ќе ја придвижи земјата кон ЕУ, рекол на средбата Заев, соопшти СДСМ