Македонија
27. јуни 2017 - 9:24

Средба на вицепремиерот Османи со директорката за Западен Балкан на ЕК Калавера

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска ќе се сретне со директорката за Западен Балкан во рамки на Директоратот за соседство и преговори за проширување (ДГ НЕАР) на Европската комисија, Џеновева Руиз Калавера.

- Посетата на  Калавера, доаѓа во време на силна европска агенда на Владата, и претставува уште една потврда за интензитетот на евроинтегративните процеси, соопшти владиниот Секретаријат за европски прашања.