Средба на вицепремиерот Груби со кандидатот за премиер на ДУИ, Насер Зибери
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците Артан Груби денеска оствари средба со кандидатот за премиер во изборната кампања на ДУИ, Насер Зибери.
На средбата, како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот, Зибери му го честитал назначувањето на новата функција и посочил дека е отворен за соработка и го става на располагање своето знаење во насока на функционирање на новото Министерство и евроатланската перспектива на земјава.
Вицепремиерот Груби му се заблагодарил на Зибери за поддршката и го поканил да стане активен дел од структуирањето.
– Груби за време на оваа средба исто така рече дека секое искуство произлезено од интелектуалец како што е г. Зибери е добредојдено кога се знае дека тој беше главниот лик кој за време на последните парламентарни избори докажа дека еднаквоста во Република Северна Македонија не повредува никого, туку напротив помага да се создаде здрава демократија што и е потребна на земјата за да стане членка на Европската унија, се наведува во соопштението.
Соговорниците се согласиле дека договорот за оваа владина коалиција е значајна и истовремено претставува факторизација на Албанците во Владата за време на овој четиригодишен мандат.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени