Македонија
7. October 2016 - 13:33

Средба на Трајанов со шефот на одделот на политички прашања на ОБСЕ

Лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов денеска се сретна со шефот на одделот за политички прашања на ОБСЕ Џеф Били.

Како што соопштуваа од ДС, Трајанов и Били, разговарале за актуелната политичка состојба и претстојните парламентарни избори.

На средбата е нагласено дека во интерес на сите граѓани е да се организираат и спроведат фер, демократски и кредибилни избори, како основа за јакнење на демократските капацитети, стабилизација на состојбите и отворање нови перспективи за побрз економски развој.

Станало збор и за работата за Специјалното јавно обвинителство, како и за потребата од обезбедување услови за негова непречена работа.