Македонија
19. October 2016 - 16:35

Средба на синдикатот со дополнителниот заменик министер на МВР Оливер Андонов за подобрување на условите за работа на полицајците

Набавка на униформи преку ваучерски систем, решавање на прекувремениот ангажман, регулирање на работните часови на полициските службеници. Дополнителниот заменик министер за внатрешни Оливер Андонов, на средба со Синдикатот на полицијата разговараше за подобрување на условите за работа на униформираните лица.

Според претседателот на Синдикатот, Андонов бил целосно отворен за соработка на седмата седница на МПС.

Според Андонов Македонскиот Полициски Синдикат претставува коректен и круцијален партнер на министреството чие членство е 80% од вкупниот број полициски службеници.