Свет
26. December 2016 - 12:04

Средба на Путин со лидерите на пет поранешни советски републики

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Санкт Петербург има средба со лидерите на пет поранешните советски републики, по повод 25-годишнината од рапсадот на некогашниот Советски Сојуз.

Како што јави ТАСС, средбата е во формат на неформален самит на членките на Евроазиската економска унија (ЕАЕУ) и на Организацијата на договорот за колективна безбедност (ЦСТО).

Членки на ЕАЕУ се Белорусија, Ерменија, Казахстан, Киргистан и Русија, додека во ЦСТО, покрај овие пет земји, членува и Таџикистан.  

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков минатата недела во едно телевизиско интервју изјави дека Путин смета оти распаѓањето на Советскиот Сојуз во 1991 година претставувало катастрофа.

- Иако распадот е неповратен процес, сепак се потребни нови интеграции на просторот на поранешниот Советски Сојуз, додаде Песков.