Средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со Клеменс Која
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во текот на денешниот ден оствари повеќе средби при што се сретна со шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Клеменс Која и амбасадорот на Република Финска, Кимо Лахдевирта.
На средбите се разговараше за актуелната политичка состојба во државата, проблемите со кои се соочува државата, но и за претстојните парламентарни избори во Република Македонија.
Мицкоски на средбата со шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија ја истакна важноста на претстојните избори за иднината на државата, пред се потенцирајќи дека за македонската европска перспектива клучно е истите да поминат во фер и демократска атмосфера за граѓаните слободно да можат да ја изразат својата волја и незадоволство од политиките на власта.
На соговорниците Мицкоски како еден од клучните проблеми со кои се соочува државата им ги посочи криминалот и корупцијата и големиот број на случаи на висока корупција во највисоките ешалони на власта кои се уште немаат правна разрешница.
При средбата со финскиот амбасадор претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги посочи одличните односи помеѓу двете држави, но притоа потенцираше дека соработката помеѓу Македонија и Финска може и натаму да се продлабочува, особено на полето на трговската размена и инвестициите. Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе работи токму во насока на подобрување на економската соработка помеѓу двете држави, додаде тој.
Соговорниците се согласија дека европската иднина на Македонија е од стратешки интерес за државата, а соработката на ВМРО-ДПМНЕ со европските партнери држави и организации е од клучно значење.
Ново на Сител
-
Повеќе десетици ранети во протестите во Бејрут
-
Обвинителството во Драч издаде 17 налози за апсење, по разорниот земјотрес од 26 ноември
-
Сер Род Стјуарт е најстариот пејач на врвот на топ листата во Велика Британија
-
Паника во Сараево: Дојава за бомба во трговски центар - полицијата почна потрага, посетителите евакуирани
-
Поради бомба од 200 килограми евакуиран половина град: Градежници ја нашле додека реновирале кино во Бриндизи
-
Паника во Ербас: Само што полетале од Сиднеј почнало да чади, морале итно да се вратат на аеродром
-
Турција планира изградба на мега проект - Канал Истанбул
-
Пронајдено детето што денеска се изгуби на кејот на Вардар