Средба на премиерот Заев со италијанската министерка Ламорџезе: Почетокот на преговорите е значаен и за Македонија и за ЕУ
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, се сретна со Лучана Ламорџезе, министерка за внатрешни работи на Италијанската Република.
На состанокот се потврдени добрите односи помеѓу двете земји во областа на образованието, економијата, културата, одбраната, науката и е констатирано нивно унапредување, со најавеното потпишување на Анти-дрога меморандумот за разбирање, што ќе придонесе во зајакнувањето на заедничката борба против криминалот и корупцијата.
Поздравени се направените реформи во оваа област во нашата држава, со коишто се смета дека се зголемени капацитетите на органите за справување со криминал и корупција.
Оценето е дека ги има предусловите да се продолжи на патот кон ЕУ, како и дека е ова стратешки значајно од безбедносен и економски аспект.
Во таа насока, пренесена е силна поддршка од Италија за почеток на преговорите на Република Македонија со Европската Унија и уверување дека Италијанската Република ќе продолжи со заложбите за успех на овој процес, којшто се цени дека е важно да биде започнат, како за земјава, така и за државите членки на ЕУ.
Премиерот Заев се заблагодари за големото пријателство помеѓу двете држави.
„Италијанската Република е стратешки сојузник и партнер во евро-атлантските процеси на нашата земја, но и голем пријател, што се покажува преку споделената солидарност секогаш кога е тоа потребно, каков што е примерот со вакцините за време на пандемијата.
Преку потпишувањето на Анти-дрога меморандумот ќе ја унапредиме заедничката борба против криминалот и корупцијата кон што сме силно определени. А со унапредувањето на институционалната соработка меѓу државите, отвораме пат и за унапредување на добрата економска соработка, што е од значење за граѓаните и за бизнисите“, рече премиерот Заев.
На средбата беа споделени искуства околу подигнувањето на јавната свест за значењето на вакцинацијата, како и околу почитувањето на мерките за заштита во услови на пандемијата.
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана