Македонија
14. September 2018 - 8:35

Средба на Османи со државниот секретар на норвешкото МНР Халворсен

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска ќе оствари средба со државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, Аудун Халворсен.

Средбата, како што е најавено, ќе биде во просториите на Секретаријатот за европски прашања, каде ќе одржат заедничка прес-конференција.

Османи и Халворсен, во рамки на посетата, ќе потпишат договор за соработка меѓу Министерството за надворешни работи, Амбасадата на Кралството Норвешка и УНОПС, Канцеларијата за услуги на проекти на ОН.