Македонија
26. October 2016 - 13:18

Средба на Наумов со извршниот директор на СКСЗМ Хоџа

Актуелната политичка состојба и проблемите со кои се соочуваат компаниите што се поврзани со надлежностите на Управата за јавни приходи и Царинската управа беа тема на разговор на денешната средба меѓу дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов и извршниот директор на Стопанската комора на северо-западна Македонија (СКСЗМ) Неби Хоџа.

На средбата, информираат од СКСЗМ, се  посвети внимание и на проблемите со кои се соочуваат членките на Комората во предизборниот период. И двете страни се согласиле дека компаниите не треба да трпат негативни последици од политичките збиднувања во државата.

За време на средбата се предложени конкретни мерки за спречување на евентуалните злоупотреби од страна на државните органи во функција на изборите и се повикаа компаниите да пријавуваат секакви злоупотреби, притисоци и недоследности во спроведувањето на законите.