Свет
6. July 2017 - 11:48

Средба на министрите за внатрешни работи на ЕУ во Талин

Министерите за внатрешни работи на земјите членки на Европска унија денеска во главниот град на Естонија, Талин ќе разговараат за предлогот на Европската комисија за мерки за справување со мигрантскиот бран во Италија.

- Денешната средба ќе биде многу амбициозна и покрај тоа што е неофицијална. Ќе работиме на решение и акциски план за Италија, изјави естонскиот министер за внатрешни работи Андрес Анвелт.

Италија минатата недела се закани дека ќе престане да прима странски брофови со спасени мигранти во Средоземно Море и ги повика партнерите да дадат „конкретен придонес“.

Поради тоа ЕК апелираше Италија да не презема ништо се додека не се разгледа ситуацијата со другите земји членки на ЕУ и со хуманитарните невладини организации.

Според податоци на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) од почетокот на годината во Европа преку Средоземно Море пристигнале околу 100.000 мигранти, од кои над 85.000 се во Италија и 9.300 во Грција.