Балкан
7. November 2017 - 11:14

Средба на министрите за одбрана на Грција, Кипар и Израел во Атина

Министрите за одбрана на Грција, Кипар и Израел денеска ќе се сретнат во Атина, на разговори за меѓусебната соработка, јави весникот „То Вима“.

Меѓу мерките на соработка се разгледува заедничката обука на офицери, размената на информации и одбрана од кибер напади, како и соработката меѓу воените компании од трите земји.

По пристигнувањето во Атина, израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман имаше средба со неговиот грчки колега Панос Каменос, по што двајцата изјавија дека најголемата закана доаѓа од ширењето на исламскиот тероризам.

Либерман изјави дека исламистичките организации се најголема закана и за муслиманскиот свет.