Балкан
22. April 2016 - 15:28

Средба на министрите за надворешни работи на Бугарија и Грција

Министрите за надворешни работи на Бугарија и Грција, Даниел Митов и Никос Коѕиас остварија денеска средба во Солун на која разговараа за билатерлните политички и економски односи, јавува БТА. 

Средбата е во рамките на вчеразапочнатиот состанок меѓу министрите за надворешни работи на Бугарија, Грција, Албанија и Македонија за пограничната соработка на четирите држави, се наведува во соопштението на сајтот на грчкото МНР.

Првите дипломати на Бугарија и Грција констатирале исклучителното ниво на билатералната соработка и разговарале за можностите за координација на двете земји при решавањето на миграциската криза.

Шефот на грчката дипломатија изјави дека освен средбата во Солун, на која се разгледуваат прашањата поврзани со бегалската криза и пограничната соработка, Атина решила да иницира уште неколку меѓународни конференции. 

Коѕиас денеска оствари одделни средба и со колегите од Македонија и Албанија.