Македонија
11. September 2019 - 14:30

Средба на министерот Нуредини и градоначалникот на Сарај: Да се интензивираат активностите за заштита на животна средина

Од голема важност е да се интензивираат активностите за заштита на животна средина, потенцираа на денешната средба министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети.

На средбата, како што соопштуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање, фокусот на разговорите бил на аерозагадувањето.

– Министерот Нуредини особено ја нагласи опасноста од палењето на стрништата што влијае не само на квалитетот на воздухот, туку е и голема опасност за предизвикување на поголеми пожари што негативно влијааат на луѓето, на целиот растителен и животински свет, но и на животната средина во целата нејзина комплексност, се вели во соопштението на МЖСПП.

Како што информираат од Министерството, на средбата се разговарало и за статусот на тековните проекти и можноста за нивното подобрување.