Средба на министерот Николовски со претставници од Делегацијата на ЕУ
Министерот Љупчо Николовски на денешната средба со претставниците од Делегацијата од Европската унија предводена од раководителот на секцијата за соработка Никола Бертолини, беше запознат со статусот на тековните проекти од ИПА кои се во тендерска постапка и кои наскоро треба да започнат, соопшти Минисатерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Петставниците од Длегацијата ги потенцираа прашањата на кои треба да се поствети поголемо внимание за нивна поуспешна и целосна инплементација во интерес на земјоделците.
Посебен акцент се стави на ИПА 2015 односно на проектите за консолидација, за земјоделските задруги и за поддршката во секторот за водостопанство кои во пакет ќе придонесат за подобрување на состојбите во аграрот.
Делегацијата го истакна и значењето од успешно одржување и реализирање на интегрираниот административен и контролен систем кој обезбедува релевантни податоци за исплата на финансиските средства кон земјоделците.
Бертолини ја истакна и подготвеноста на ЕУ Делегацијата за натамошна поддршка во однос на спроведувањето на ИПАРД 2 Програмата за нејзино целосно искористување.
На средбата беше разговарано и за проектите во областа на фитосанитарниот систем и пречките кои треба да се надминат во однос на успешно функционирање на оваа област.
На крајот од средбата беше договорено министеротвото и делегацијата да оддржуваат редовни месечни состаноци со цел успешно искористување на ЕУ фондовите наменети за земјоделството и руралниот развој, соопшти Минисатерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација