Свет
6. September 2016 - 20:15

Средба на министерот Кучи со унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто

Министерот за економија Дритон Кучи во рамки на Стратешкиот форум во Блед оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија Петер Сијарто.

- За време  на средбата двајцата министри ја истакнаа извонредната соработка меѓу Македонија и Унгарија на сите полиња, особено во делот на економијата, поради што кон крајот на годината се очекува да биде пуштена директна авионска линија Скопје-Будимпешта-Скопје. Сијарто го информираше министерот Кучи дека унгарската Ексим банка ќе додели кредит во висина од 70 милиони евра за малите и средните компании, каде што ќе можат да аплицираат и компаниите од Македонија, соопшти Министерството за економија. 

Сијарто го поканил Кучи во Будимпешта, каде на 8-ми и 9 септември се одржува енергетска конференција за земјите од Централна и Југоисточна Европа.