Средба на министерот Бектеши со британскиот амбасадор Гарет
Постојат и можности и волја од новата Влада економските односи со Велика Британија да добијат на интензитет, особено во делот на извозот и инвестициите, како и на размена на искуства во различни економски сектори, кои би можеле да бидат од полза за македонската економија, се согласиле на денешната средба министерот за економија Крешник Бектеши и амбасадорот на Велика Британија, Чарлс Гарет.
Како што соопшти Министерството за економија, министерот Бектеши изрази благодарност за поддршката што нашата земја ја добива од Велика Британија при реализација на чекорите што Министерството за економија и Владата ги преземаат во процесот на европската интеграција на земјата, како и за достигнување поголем економски развој.
- Амбасадорот Гарет ја искористи средбата да разговара и за можностите за унапредување на соработката помеѓу британските компании кои работат во земјата и носителите на реформските политики и бизнис мерките во државата, согласно програмските определби на новата Влада, за што доби целосна поддршка од министерот Бектеши, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска