Македонија
21. јуни 2018 - 15:09

Средба на министерот Адеми со иранскиот амбасадор Карими

Министерот за култура Асаф Адеми  денеска во својот кабинет имаше средба со амбасадорот на Иран Хусеин Карими на која искажале задоволство од можноста да се унапреди односот во културата врз основа на Спогодбата потпишана помеѓу владите на двете земји во 2016 година. 

Како што соопшти Министерството за култура, тие се согласиле дека имаат добра основа за конкретна соработка помеѓу институциите и уметниците на двете земји, зашто во Техеран пред две години е потпишана Програма за имплементација на културната и уметничката соработка помеѓу министерствата на Република Македонија и Исламската Република Иран за период до 2021 година.

- На средбата беше разговарано за размена на уметници од двете земји, како и за можноста за реализација на Денови на иранскот филм во земјава и на Денови на мекедонскиот филм во Иран, наведува Министерството во соопштението.