Македонија
4. December 2019 - 10:44

Средба на министерката Шекеринска со војвотката Кејт Мидлтон

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во кралската Бакингамска Палата во Лондон разговараше со сопругата на принцот Вилијам, војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.

– Разговор за #MKinNATO во Buckingham Palace со војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон. #NATOLondon, објави Шекеринска на Фејсбук, прикачувајќи и видео од разговорот.

Шекеринска е дела од владината делегација, предводена од премиерот Зоран Заев, што вчера и денеска присуствува на Самитот на НАТО, на кој се одбележува 70-годишнината од постоењето на Алијансата. Во состав на владината делегација се и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.